[ВИДЕО] За стан од само 5 квадратни метри плаќал невидена сума на пари: „Ова не е стан, ова е затворска ќелија“

Точка

05/07/2024

22:05

3.870

Големина на фонт

а а а

Неодамна на ТикТок стана вирално видеото на корисникот @petarcet97, на кое го прикажува станот во Париз во кој ова момче некогаш живеело.

Имено, како што е нагласено во видеото, станот е со големина од 5 метри квадратни, а за него плаќал неверојатни 800 евра месечно.


Малку е да се каже дека сè во станот е начичкано, буквално, едно врз друго. Во станот, во кој практично нема место, имало кревет, до кој била поставена када. За работите да бидат побизарни, над кадата има полица на која, ни помалку ни повеќе, има машина за перење алишта. Освен тоа, по некое чудо имало уште една полица на која биле поставени микробранова печка и садови, а се нашло и место за телевизор.

На големо изненадување на многумина, оваа мала соба нема тоалет, по што Тиктокерот открил дека во зградата имало само еден заеднички тоалет, кој го делел со останатите станари.


„Се надевам дека станот е на врвот на Ајфеловата кула“, напишал еден следбеник.

„Не, невозможно е толку многу да го сакаш Париз“, додал друг.

„Ова не е стан, ова е затворска ќелија“, заклучил трет.

Имено, ова не е единственото видео кое стекна популарност. Неодамна се појави уште едно, објавено од истиот профил, на кое се гледа дека, за среќа, станот има прозорци и се наоѓа на поткровјето на зградата, па се претпоставува дека некогаш овој простор служел како таван.



Спонзорирани линкови

Маркетинг