Откриено тајното купе на "Cadillac", изгледа совршено

Точка

26/06/2024

08:33

7.224

Големина на фонт

а а а

По објавувањето на скиците, чекавме цели шест години за да го видиме прекрасното купе од "Cadillac".

Пред шест години, "Cadillac" покажа дизајнерски скици на купето за кое многумина се надеваа дека ќе ја видат светлината на денот. Дури сега, откако на социјалните мрежи беше откриено појавувањето на прототипот, во него можеме да ги видиме линиите на претходните концепти, подеднакво интересната "Escala", како и уште постарата "Buick Avista".

Автомобилот беше претставен како дел од серијата "From the Vault", во која "General Motors" открива некои тајни од своите богати архиви. За овој концепт не се знае многу, освен тоа што влијаеше на изгледот на идните модели: „Купето се роди како внатрешно истражување на естетиката на Кадилак“, се вели во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг