„Тоа не ни е потребно“: Што бара "BMW" од германската влада?

Точка

25/09/2024

08:32

4.674

Големина на фонт

а а а

"BMW" се изјасни против краткорочните владини стимулации за германскиот автомобилски сектор и наместо тоа повика на долгорочни мерки за зголемување на бројот на електрични возила.

„На германскиот автомобилски сектор не му треба краткорочен блиц за да го сврти пазарот“, рече минхенскиот производител на автомобили, пренесува "Seebiz".

Меѓу мерките поддржани од "BMW" се целосна национална покриеност на полначи, како на јавните површини, така и во домовите, како и евтина струја.


„Ако трошокот по километар поминат со електрична енергија е поголем од бензинот или дизелот, на многу купувачи им недостасува клучен поттик за електрични возила“, се вели во извештајот.

На челниците на "Volkswagen", "BMW" и "Mercedes" ќе им се придружат претставници на Здружението на германската автомобилска индустрија (ВДА) и моќниот синдикат "IG Metall".


Имаше повици за акција за зголемување на побарувачката за електрични автомобили, во согласност со политиката на владата за постепено укинување на моторите со внатрешно согорување, но не е јасно дали на самитот ќе бидат донесени конкретни одлуки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг