[ФОТО/ВИДЕО] Автомобил за "крајот на светот"

Точка

26/09/2024

22:46

3.667

Големина на фонт

а а а

Сè повеќе "афтермаркет" специјалисти ги нудат своите креации на шест тркала, а меѓу нив е и познатата компанија од Флорида "Apocalypse Manufacturing".

"Apocalypse" го создаде „најлудото“ 6×6 возило досега, а "Land Rover Defender" служи како основа. Ова „чудовиште“ го доби името "World Ender", и е резултат на сериозни модификации.

За почеток, шасијата беше исечена и издолжена за да се направи простор за трета оска, или уште две тркала. За разлика од некои поевтини 6×6 конверзии , овие дополнителни тркала се поврзани со погонот, но предизвиците одат многу подалеку од тоа.

Компанијата работеше на суспензијата на "Defender", така што може да се подигне и спушти за околу 203 mm со едноставно притискање на копче. Избран е сет од 20-инчни бандажи дизајнирани во воен стил, а на нив се масивни гуми од 38 инчи кои треба да ги надминат и најтешките теренски патеки.

Направени се и бројни промени на каросеријата, па "Defender" сега има широки браници, странични скали и прагови, како и портокалов преден браник.


Дополнителни "LED" светла се монтирани на покривот, а има кровни носачи, додека одзади има спортски шипки и резервно тркало со целосна големина сместени во товарниот простор.

"Defender" е придвижуван од стандарден 5.0-литарски "V8" мотор со суперполнач, кој развива 525 коњски сили и 625 Nm вртежен момент. Во моментов нема информации за тежината на возилото, но дефинитивно е значително потежок од типичен "Defender".


Примерот на фотографиите е веќе доставен до купувач во Џексонвил, Флорида, но "Apocalypse" е подготвен да произведе повеќе примерoци за секој што ќе издвои 374.999 долари за оваа драматична конверзија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг