[ФОТО] "Ginetta Akula": Звучи егзотично, а и така изгледа

Точка

24/09/2024

07:34

6.263

Големина на фонт

а а а

Почетокот на производството на оваа ексклузива се чекаше цели пет години.

Беше 2019 година на Саемот за автомобили во Женева кога "Ginetta" го претстави својот прототип на патен автомобил со тркачко педигре – моделот "Akula".

Иако првите испораки требаше да започнат во 2020 година, малкумина помислија дека автомобилот ќе ја види светлината на денот. Сепак, "Akula" е тука, со значително задоцнување и е подготвен за производство.


Тоа е вистински ѕвер за секој возач кој сака да добие вистински тркачки автомобил во замена за голема сума пари.

Моторот е централно поставен и е чист класик – атмосферски 6,4 литарски "V8"! Произведува над 600 коњски сили и 670 Nm.


Погонот е во задниот дел, а менувачот е мануелен, што гарантира уживање во спортското возење.

Од место до 100 км/ч, "Akula" забрзува за 2,9 секунди и може да достигне максимални 290 км/ч.


Помеѓу споменатите вредности, производителот поставил сè за корисникот да има целосна контрола над автомобилот и во исто време да ужива во подобрувањето на своите возачки способности.

Дури и без тркачкиот пакет, кој вклучува композитни сопирачки, овој автомобил е достоен за секоја патека.


Доволно е да се каже дека "Akula" е директен потомок на тркачките модели "Ginetta", а благодарение на материјалите од карбонски влакна одржува мала тежина од 1.190 кг и одлична распределба на масата на оските.

Цената е 275.000 фунти, што не е претерано за автомобил од ова педигре и ограничено производство на само 20 примероци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг