[ФОТО] Конвертираниот култен "Mercedes" изгледа нереално! Ќе биде произведен во само 15 примероци

Точка

26/09/2024

13:32

1.323

Големина на фонт

а а а

Преработките на каросериите повторно стануваат популарни, а француската компанија "Saoutchik", која банкротираше во 1955 година, повторно се појави на сцената и претстави модерна интерпретација на култниот "Mercedes-Benz 300 SL".

Нивниот нов модел се вика "300 GTC Roadster", а производството ќе биде ограничено на само 15 примероци.

Засега се познати само неколку детали за автомобилот, но се верува дека е базиран на моделот "Mercedes-Benz SL", со целосно уникатна надворешност и редизајнирана внатрешност. Иако прашањето е дали оваа реинтерпретација ќе биде достоен одраз на оригиналниот "300 SL", нема сомнеж дека ќе привлече внимание веднаш штом првите примероци ќе излезат на патот.


На предниот дел на автомобилот се видливи тркалезни светла и решетка, што според современите стандарди е прилично скромно.

Сложеното лого на "Saoutchik" се наоѓа на големата значка во средината на решетката. Автомобилот има два големи отвори за воздух со црна мрежа. Слично на автомобилот што го инспирирал, предните браници се особено изразени.


Многу класични елементи на "Mercedes" се видливи на страните на автомобилот. На пример, има големи хромирани отвори за воздух зад предните тркала, како и масивни 22-инчни хромирани тркала.

Каросеријата исто така го обнови задниот дел на автомобилот со нови браници, уникатен капак на багажникот, препознатлив сребрен дифузер и суптилни "LED" задни светла.


Единствената слика од внатрешноста на автомобилот покажува мешавина од делови од неодамнешните модели на "Mercedes-Benz", иако е јасно дека кабината е различна од сегашнопт "SL", што сугерира дека "300 GTC Roadster" би можел да се базира на постар модел.

Сè уште не е познато што ќе го вози автомобилот, но тешко е да се очекува дека потенцијалните купувачи би биле разочарани доколку под хаубата не го пронајдат моќниот 4.0-литарски "V8" мотор со двојни турбополначи на "AMG".


Со објавени само неколку детални рендери на автомобилот, веројатно ќе помине малку време пред да ја видиме работата на "Saoutchik" на дело. Цената останува непозната.




Спонзорирани линкови

Маркетинг