Чеченскиот воен лидер го обвинува Маск: „Тоа не е убаво. Тоа не е машки! Како можеше да го направиш тоа Илон?“

Точка

23/09/2024

11:34

3.791

Големина на фонт

а а а

Се сеќавате ли на приказните за рускиот воен лидер и прв човек на Чеченската Република Рамзан Кадиров, кој се фалеше со својот „Tesla Cybertruck“? Ако го пропуштивте тоа, можете сега да го прочитате продолжението.

На кратко, Кадиров во видео објавено на Телеграм се пофалил со својот „Cybetruck“ опремен со митралез и изразил воодушевување кон возилото и неговиот креатор, Илон Маск. Но, изгледа дека воодушевувањето кратко траело.

Кадиров го обвинил Илон Маск дека „далечински го онеспособил“ неговиот „Cybertruck“.


Маск далечински го онеспособил „Cybertruck“, напишал Кадиров во нов пост на Телеграм. Тоа не е убаво за Илон Маск. Тој од срце подарува скапи подароци и потоа далечински ги исклучува. Тоа не е машки. Моравме да го влечеме железниот коњ. Како можеше да го направиш тоа Илон?

Кадиров тврдел дека електричното возило е во првите борбени редови на Украина, каде добро се покажало во борбата. Сè додека не престанал да работи. Кадиров се пофалил дека во Украина има уште две такви возила кои работат без проблем.


Но, веќе долго се зборува за тоа како Кадиров воопшто можел да набави „Cybertruck“. Тој тврди дека еден му подарил Маск, што милијардерот демантирал во објава на „X“. Засега не се огласил за обвиненијата на Кадиров дека далечински го онеспособил возилото, но, како и да е, тоа не би бил првиот „Cybertruck“ кој сам престанал да работи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг