[ФОТО] „Škoda Kodiaq“ сега е отпорна на куршуми и гранати

Точка

27/09/2024

09:50

7.439

Големина на фонт

а а а

„Škoda“ претстави специјална верзија на моделот „Kodiaq“.

„Škoda UK“ се здружи со „UTAC Special Vehicles“ за да го претстави оклопниот „Kodiaq“, „SUV“ базиран на освежена верзија на моделот од првата генерација.

Надворешната модификација се однесува на трепкачите напред, на браникот и на вратите, додека внатре инфозабавниот систем е трансформиран во она што „Škoda“ го нарекува „комуникациска станица“.


„Škoda Kodiaq Armoured“, како што се нарекува овој блиндиран модел, има и стакло отпорно на куршуми, додека кабината е значително изменета и обложена со челик.

И сопирањето и суспензијата се подобрени поради зголемената тежина, а сите четири тркала имаат систем кој овозможува возење и во случај на дупната гума. Моторот не е променет во споредба со оригиналот.


Од „Škoda“ велат дека овој „Kodiaq“ е дизајниран така што може да издржи напади од разни пиштоли, пушки, како и експлозија на гранати или други експлозивни направи.

Ги има сертификатите „PAS 300“ и „PAS 301“, а за време на процесот на сертификација во него се испукани повеќе од 200 куршуми.