[ФОТО] Овој автомобил има навлаки за седишта налик на јакна

Точка

25/09/2024

10:47

1.590

Големина на фонт

а а а

Иако е во очигледни деловни проблеми, „Volkswagen“ не штеди кога се во прашање специјалните верзии на електричните модели.

Наместо многу попопуларниот „GTI“ собир кој со децении се одржуваше во Вортерзе, додека еколошки свесните локални власти не ги избркаа до Волфсбург, овој пат зборуваме за собир на љубители на моделот „ID“.


Токму така, „Volkswagen“ се обидува да го популаризира своето семејство на електрични модели со посебен собир што ќе се одржува секоја година во Локарно, Швајцарија. За оваа година подготвија уникатен автомобил кој оддава почит на втората генерација на „Golf“.


Основата е „ID. 3 GTX“, а сега има додаток наречен „Fire & Ice“, кој не потсетува на посебните перформанси на култниот „Golf“ кој достигна дури 16.700 продадени примероци. И овој модел е направен во соработка со модната марка „Bogner“, а покрај трислојната надворешна боја, внимание привлекува и внатрешноста.


Најизненадувачки се предните седишта со тапацир кој многу изгледа како седиштата да се покриени со зимска јакна. Ако го повлечете патентот, ќе го видите оригиналниот тапацир користен од „Golf II“. Volkswagen испроба уште неколку уникатни детали, но ниту еден не е толку кул како седиштата. Во секој случај, ова е дефинитивно најатрактивниот електричен „Volkswagen“ после „ID. Р“.





Спонзорирани линкови

Маркетинг