„Coldplay“ постави нов стандард за музичката индустрија – ја намалиле емисијата на јаглерод на турнејата за 59 отсто

Точка

23/06/2024

16:05

3.917

Големина на фонт

а а а

Бендот „Coldplay“ успеа да ги намали директните емисии на јаглерод на нивните настапи за 59 отсто, со што стана еден од првите еколошки освестени бендови во светот.

Всушност, кога членовите на бендот ја најавија турнејата „Music Of The Spheres“ во 2021 година, тие открија дека ќе ги намалат директните емисии на јаглерод на нивните настапи за најмалку 50 отсто во споредба со претходната турнеја.

Но, тие неодамна објавија дека веќе ја надминале оваа цел, постигнувајќи 59 отсто намалување на директните емисии на јаглерод во текот на првите две години од турнејата. Информацијата за ова ја потврдија и од „MIT Environmental Solutions Initiative“.


Како што понатаму наведуваат, ова извонредно достигнување е доказ за прецизното планирање, иновативните решенија и посветеноста на сите вклучени во турнејата. Во врска со тоа постигнале бројни позитивни резултати како што се 7 милиони засадени дрвца кои беа поддржани од организацијата „One Tree Planted“. На овој начин тие обновиле приближно 10.000 хектари земјиште во 24 држави.

Исто така, користеле рециклирани батерии за настапи и ЛЕД нараквици, кои фановите ги враќале по настапот, а успеале да постават и два уреди за чистење на океаните и заштедиле на гориво за летови. Посебно истакнуваат дека 72 отсто од отпадот бил пренасочен за рециклирање и компостирање, а на оние на кои им било потребно им биле донирани 9.625 оброци и 90 килограми хигиенски средства.


Иако постигнаа значајни резултати, членовите на „Coldplay“ признаваат дека имаат уште многу да направат. Тие ќе продолжат да се залагаат за индустриските стандарди за одржливо патување и известување за емисиите, работејќи со партнерите на создавање основни вредности за јаглеродниот отпечаток за различни видови патувања.

Професорот Џон Е. Фернандез од „MIT Environmental Solutions Initiative“ го пофали „Coldplay“ за неговото лидерство во одржливоста. Тој изјави дека бендот поставил нов стандард за целата музичка индустрија со значителен напредок во намалувањето на емисиите од турнеите.

„Coldplay“ во одржливоста ги вклучи и фановите. Околу една третина од публиката користела јавен превоз, а 4 отсто патувале со методи без јаглерод, како што се пешачење или возење велосипед, со што значително се намалиле индиректните емисии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг