Во 7-та деценија од животот сака уште наследници со двојно помладата девојка: Актерот ужива во врската додека децата не сакаат да го видат – „Ги изгуби засекогаш“

Точка

14/06/2024

21:43

4.594

Големина на фонт

а а а

Долготрајната и тешка бракоразводна битка низ која минуваат Бред Пит и Анџелина Џоли нема крај, а таа има огромно влијание врз односот на Бред со неговите деца, кој е сè полош и за кој сè повеќе се зборува во јавноста.

Меѓутоа, за Бред Пит (60) и неговата девојка Инес де Рамон, проблемите кои ги има поради разводот со Анџелина Џоли само ја зацврстиле нивната врска.

Всушност, кога станува збор за љубовта, двапати разведениот татко на шест деца изгледа посреќен од кога било и не се откажува од идејата за трет брак и да има повеќе деца со својата двојно помлада девојка. Бред наводно им рекол на своите пријатели дека таа ќе биде „прекрасна мајка“.


Пријател на Пит изјавил за „DailyMail“: „Поразително за Бред е тоа што тој во основа нема однос со своите деца, но Инес беше вистински извор на утеха и тоа всушност ги зближи. Не е исклучено да имаат деца. Таа е млада, а Бред рече дека е 100 отсто подготвен тие да имаат деца, ако тоа е она што таа го сака. Му се допаѓа идејата да го изгради својот живот со Инес и сите опции се отворени“.

Како што дополнително објаснил, новата партнерка е сè што му е потребно во овој момент на славниот актер:


„Бред рече дека Инес би била прекрасна мајка. Таа е трпелива, опуштена и има одлична смисла за хумор. Нивната врска е стабилна и без драма, а тој е решен оваа приказна да ја направи долгорочна“, додал близок пријател на холивудскиот убавец.

Заладените односи на Пит со неговите деца кои не сакаат да имаат никаква врска со него, како и неговата жестока разделба со поранешната сопруга Анџелина Џоли, повторно се вратени во центарот на вниманието откако беше откриено дека неговата ќерка Шајло поднела барање да се откаже од презимето на татко ѝ на нејзиниот 18-ти роденден.


Извор близок до актерот изјавил дека тоа што неговата ќерка го избришала од неговиот живот е само уште еден доказ дека, за жал, тој „засекогаш ги изгубил децата“.

Меѓутоа, додека Пит беше оптоварен со семејната драма и разводот во последните месеци, неговата врска со Инес само се интензивирала, а од февруари оваа година тие наводно живеат заедно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг