[ВИДЕО] Игор Џамбазов за првпат проговори искрено за разделбата со Илина: „Таа имаше повеќе неостварени желби, а јас само една …“

Точка

17/06/2024

14:29

14.657

Големина на фонт

а а а

Неодамна, јутјуберот Стефан Лазаров со својот поткаст гостуваше кај легендарниот Игор Џамбазов, овојпат во Дојран.

Актерот и шоумен ја отвори душата за повеќе нешта, меѓу кои работата, животот, плановите … но се осврна и на љубовта со алпинистката Илина Арсова, со која после неколку заеднички години продолжија на различни патишта.


„Па, бев многу тажен, искрено бев изгубен. Не излегував од дома, не сакав ни во Дојран да доаѓам, затоа што сè во Дојран ме потсетуваше на неа. И ми требаа добри девет месеци да се осмелам да дојдам во Дојран“, почна да раскажува Џамбазов.

Раскажува и како искрено се вљубил после долго време, како и која е причината зошто таа голема љубов која не ја криеја – наеднаш згасна.


„Мислам дека разликата во годините си пресуди. Значи скоро 15 години разлика. Таа сè уште имаше неостварени желби, јас немав неостварени желби. Единствената неостварена желба е да имам жена покрај себе која ќе ми родеше едно дете. Тоа ми беше мојата неостварена желба. Таа имаше повеќе неостварени желби, а јас не бев во ниту една од тие. Кога ќе сфатиш дека си на шестото место на листата, а таа секогаш била на првото место кај мене.“, изјави тој.


За крај на прашањето дали го разочарала, тој одговори: „На некој начин-да!“.

И Илина се огласи по повод нивната разделба, во интервју за „Слободен печат“. Алпинистката открила дека Игор бил оној кој одлучил да стави крај на било каков контакт.


„Не сум сигурна дали тоа ги олеснува или ги прави работите потешки. Не е лесно да немаш чувства кон оној што си го сакал и си бил во врска речиси три години. За нашата разделба немаше виновник, така што и нема причина да не бидеме пријатели“, кажа Арсова во таа прилика.




Спонзорирани линкови

Маркетинг