[ФОТО] Со својот голем хит го одбележа нашето детство, а сега се огласи со потресна исповед: „Денеска имам рак, но утре ќе го немам. Пораките за поддршка се добредојдени. Се гледаме“

Точка

18/06/2024

20:40

15.367

Големина на фонт

а а а

Порториканскиот пејач Дон Омар (46), најпознат по хитот „Данза Кудуро“, откри дека боледува од рак. Музичарот на својот инстаграм-профил сподели фотографија од болница, но не откри детали за болеста.

„Денеска имам рак, но утре ќе го немам. Пораките за поддршка се добредојдени. Се гледаме“, напиша Дон, а неговите следбеници во коментар му посакаа брзо закрепнување.


На фотографијата Омар покажа болничка нараквица, на која може да се забележи дека почнал да се лекува во болницата Орландо Хелт на Флорида.


Дон Омар стана популарен ширум светот откако ја објави хит песната „Danza Kuduro“ во 2010 година. Песната ја направи во соработка со пејачot Лученцo, а до денес има собрано повеќе од 1,5 милијарди прегледи на Јутјуб. По неговиот најголем хит, тој продолжи да свири музика и објави синглови како што се „Taboo“, „Salio El Sol“, „Dile“, „Bandolero“ и многу други кои исто така доживеаја огромен успех.



Спонзорирани линкови

Маркетинг