[ФОТО] Андријана Јаневска одбележа 14 години брак: „Оро игравме во Имес кој веќе не постои, но ние сè уште тераме“

Точка

19/06/2024

20:40

12.287

Големина на фонт

а а а

Пејачката и професорка на ФМУ, Андријана Јаневска, на својот Фејсбук профил објави фотографии од нејзината венчавка и се потсети како изгледале пред 14 години.

Имено, македонската виолинистка (42) и нејзиниот сопруг музичарот Драган Гиновски – Гино (57), денес ја одбележуваат 14-годишнината од нивната свадбена прослава.

На денешен ден пред 14 години бев невеста. 👰‍♀️ Со Гиновски се венчавме во црквата Св. Димитрија, а игравме оро во ресторан Имес. Имес не постои, ама ние си тераме. 😆😎

Posted by Andrijana Janevska on Tuesday 18 June 2024

Брачниот пар има многу заеднички интереси. Работат во музичкото студио „Гиновски“, каде улогите им се поделени, имаат сличен вкус за музика, филмови и книги. Двајцата се родољуби кои ја сакаат Македонија. Љубители се на природата и животните.


Иако правеа свадба во лето 2010, Андријана и Гино се венчаа неколку месеци претходно во матично, на 30 декември 2009 година.


Од бракот ги имаат има два сина, Димитар (роден 2011-та) и Кристијан (роден 2015-та).




Спонзорирани линкови

Маркетинг