Најомразениот човек во музичката индустрија објави дека се повлекува по 23-годишна кариера

Точка

18/06/2024

11:00

13.208

Големина на фонт

а а а

Музичкиот магнат Скутер Браун објави дека се повлекува од музичкиот менаџмент по 23-годишна кариера. Еден од најомразените луѓе во музичката индустрија заминува во пензија бидејќи, како што вели, „сака да му се посвети на семејството“. 42-годишниот и понатаму е извршен директор на „HYBE America“.

Минатата година беше објавено дека голем број клиенти на Браун, меѓу кои и Аријана Гранде и Џастин Бибер, се разделиле со него. Причините не се објавени, но тоа се случи во периодот кога изби и скандалот со Тејлор Свифт, која го смета Браун за нејзин најголем непријател, откако тој ги откупи правата за нејзината музика без нејзина дозвола.


Инаку, Браун најмногу се прослави откако го откри Џастин Бибер како изведувач. Тој ги менаџираше кариерите на Дејвид Гета, Ариана Гранде, Канје Вест, Блек Ајд Пис, Деми Ловато и многу други и успеа да ја создаде најголемата компанија за менаџмент на музичката индустрија.


Скутер Браун, низ годините наназад играше огромна улога во одлуката за тоа кој ќе успее, а кој не во музичката индустрија. Имаше моќ да издигне, но и да уништи личност за рекордно кратко време.

Неговара кариера се движеше по нагорна патека сè до 2019 година, кога ѝ застана на патот на Тејлор Свифт, најголемата музичка ѕвезда на денешницата.


Компанијата на Браун ја купи нејзината тогашна етикета „Big Machine Records“, давајќи му ги на Браун правата за нејзините први шест албуми. Свифт веднаш даде до знаење дека не знае кој стои зад аквизицијата и дека не е среќна што Браун и ја откупил музиката. Истата година, таа објави дека повторно ќе ги сними првите шест албуми под издавачката куќа „Republic Records“ и со тоа повторно ќе ја поседува нејзината музика.

Кога Тејлор јавно проговори против Браун и начинот на кој тој ја презема музиката на младите уметници, неговиот имиџ почна да се урива во рекордно време. Може да се каже дека тој е најомразеното име во музичката индустрија денес.




Спонзорирани линкови

Маркетинг