Почина легендарниот холивудски актер Доналд Сатерленд: Тажната вест ја објави неговиот син

Точка

20/06/2024

20:30

4.449

Големина на фонт

а а а

Актерот Доналд Сатерленд (88), ѕвезда на филмовите „The Hunger Games“ и „Don’t Look Now“, почина по долго боледување, пишува „BBC“.

Неговиот син Кифер ја соопшти веста за смртта на неговиот татко по пат на социјалната мрежа Инстаграм.


„Со тешко срце морам да соопштам дека мојот татко, Доналд Сатерленд, почина. Лично мислам дека тој беше еден од најважните актери во историјата на филмот. Никогаш не се плашеше од улога, добра, лоша или грда. Тој го сакаше тоа што го правеше и го правеше тоа што го сакаше, а повеќе од тоа не можете да барате. Тоа беше добро проживеан живот“, соопшти неговиот син.

Сатерленд глумеше во филмови како што се „The Dirty Dozen“, „M*A*S*H“ и „Klute“. Една од улогите која го прослави канадскиот актер беше улогата на Хокај Пирс, хирург во ТВ емисијата „M*A*S*H“ од 1970-тите.


Роден во Њу Брансвик, Канада, Сатерленд ја започнал својата кариера како радио репортер пред да ја напушти Канада за да отпатува во Лондон во 1957 година. Таму студирал на Лондонската академија за музика и драмска уметност. Потоа презел мали улоги во британскиот филм и телевизија.

Сатерленд глумеше во „The Dirty Dozen“, акционен филм од Втората светска војна, кој премиерно беше прикажан во 1967 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг