[ВИДЕО] Марија Шерифовиќ го прекинала концертот во Швајцарија: „Ако син ми е како вас, би се убила“

Точка

17/06/2024

10:54

19.913

Големина на фонт

а а а

Марија Шерифовиќ го прекинала концертот во Швајцарија поради четворица посетители кои ја изнервирале.

Српската пејачка жестоко им возвратила откако тие постојано дофрлале додека таа се обидувала да одржи краток говор.


„Вие четворица сте толку невоспитани што тоа е пекол. Невидено сте невоспитани, јас морам да ви го кажам тоа, извинете. Ако разбирате, ако не разбирате преведете им. Уф, ама се изнервирав“, им порачала пејачката која потоа и опцула.

„Но, ајде, нема врска, млади се. Не дај Боже син ми да биде таков, веднаш би се убила. Сега ви простувам, друг пат нема“, рекла Марија на сцената и добила аплауз и поддршка од остатокот од публиката.

За потсетување, пејачката на сличен начин го прекина и новогодишниот концерт во Зеница, и тоа затоа што публиката фрлала петарди на сцената.



Спонзорирани линкови

Маркетинг