[ВИДЕО] Кевин Костнер за гласините дека е во врска со американската пејачка: „Ние сме пријатели, но таа е доволно убава за да бидам со неа“

Точка

20/06/2024

22:24

8.175

Големина на фонт

а а а

Актерот Кевин Костнер неодамна ги прекина гласините кои кружеа за неговата наводна нова врска.

Имено, откако поминаа речиси седум месеци од гласините дека тој и пејачката Џуел се во врска, актерот во вторникот во шоуто на Хауард Стерн го претстави својот претстоен филм, а потоа новинарот го праша за врската со познатата пејачка.

"Не, Џуел и јас сме пријатели. Никогаш не сме се забавувале. Таа е посебна и не сакам тие гласини да нѝ го уништат пријателството бидејќи тоа е она што го имаме. Таа е посебна за мене. Доволно е убава за да бидам со неа“, објаснил Костнер.

Инаку, гласините за нивната врска започнаа кога беа фотографирани во интимна прегратка за време на неговиот одмор на Карибите во ноември минатата година.

Но, Костнер тврди дека бил таму затоа што го поканил пријател, а на крајот се испоставило дека Џуел била таму бидејќи работела на некој проект.

За потсетување, актерот во септември се разведе од сопругата Кристин Баумгартнер, која поднесе барање за развод на крајот на мај. Според извори блиски до поранешната двојка, Баумгартнер веднаш по разводот започнала врска со пријателот и сосед на Костнер, Џош Конор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг