Палатата конечно стави точка на теориите на заговор за Кејт Мидлтон: Се огласија по шпекулациите за нејзиното лекување

Точка

13/06/2024

20:00

11.818

Големина на фонт

а а а

Кенсингтонската палата го прекина молкот за ракот на принцезата од Велс, откако се проширија гласини дека таа е на лекување во Америка.

Американските медиуми објавија дека Кејт Мидлтон се лекува во Центарот за рак Андерсон во Хјустон, Тексас. Палатата подоцна го демантираше ова тврдење за „Houston Chronicle“ и посочи дека таа се лекува во Лондон.

„ЕТ“ пишува дека Кејт и принцот Вилијам се подготвуваат за летен одмор со нивните три деца.


Гласините за тоа каде се наоѓа Кејт започнаа кога „онлајн детективи“ ги преплавија ТикТок и Редит, тврдејќи дека таа бара лекување во реномираниот центар за рак, кој долго време се смета за еден од најценетите центри во светот посветени исклучиво на лекување на заболени од рак.

„Поради законите за приватноста на пациентите, не можеме да потврдиме или негираме дали некоја личност е наш пациент“, изјави за „ЕТ“ портпаролот на Центарот за рак.

Кејт ја објави својата дијагноза на 22-ри март. Таа била подложена на операција на абдоменот претходно оваа година и нејзината состојба не се сметала за канцерогена. Но, тестовите по операцијата утврдиле дека ракот е присутен. Во тоа време, Кејт изјави дека се подложила на „превентивна хемотерапија“ и дека е „во раните фази на тоа лекување“.

Притоа принцезата од Велс не откри каков вид на рак ѝ е дијагностициран. И покрај тоа, каде и да се појави принцот Вилијам, луѓето го прашуваат за нејзината состојба. Таков беше случајот минатата недела кога им се придружи на својот татко, кралот Чарлс Трети и кралицата Камила на одбележувањето на 80-годишнината од Денот Д во Портсмаут, Англија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг