Зошто паметните луѓе ретко се среќни? Познатиот Хемингвеј тоа го објаснил во само 1 реченица

Точка

23/05/2024

15:48

5.723

Големина на фонт

а а а

Судбината на Ернест Хемингвеј, познатиот американски писател и новинар, продолжува да ја интригира светската јавност, иако тој го напушти овој свет пред 63 години. Неговите зборови одекнуваат во ушите на многумина, а тој самиот останува најголема енигма.

Имено, во литературните дела на нобеловецот се наѕираат фрагменти од една сложена личност. Три децении откако својот татко го нарекол кукавица затоа што се застрелал, Хемингвеј се самоубил пукајќи со ловечка пушка.

Неговата сопруга Мери го пронашла на прагот од семејната куќа. За него пишувале бројни експерти, како и неговите синови, но тоа никој не можел да го одгатне.


Една од неговите најцитирани реченици е:

„Среќата кај интелигентните луѓе е најретката работа која ја знам“.

Хемингвеј верувал дека луѓето со високо ниво на интелигенција потполно поинаку гледаат на работите и никако не им е сеедно за она што се случува околу нив. Кај паметните луѓе тоа просто не може да биде така. Постојат 6 причини зошто интелигентните луѓе се понесреќни од општата популација, а тие се:

1. Премногу анализираат сè;

2. Имаат премногу високи стандарди;

3. Премногу се самокритични;

4. Реалноста не им е доволна;

5. Недостаток на длабока комуникација и разбирање;

6. Многумина страдаат од психолошки проблеми.


Во продолжение можете да ги прочитате најсјајните мисли на Хемингвеј кои ќе го натераат секој човек да се замисли.

1. „Не паѓајте со духот. Никогаш не се обесхрабрувајте. Тајната на мојот успех е што јас никогаш не губам храброст. Никогаш пред светот не губете храброст.“

2. „Кога ќе се отрезниш, направи го сето она што си го ветил пијан – тоа ќе те научи да си ја држиш устата затворена.“

3. „Патувајте само со оние кои ги сакате.“

4. „Доколку во животот можеш да направиш макар и мала услуга, не двоуми се.“

5. „Не суди за човекот само по неговите пријатели. Сети се дека и пријателите на Јуда биле беспрекорни.“

6. „Најдобар начин да дознаеш дали некој човек е вреден за доверба е да му веруваш.“

7. „Купувајте или облека или слики. Само тоа. Никој освен богатите не може да си ги дозволи и двете. Не придавајте премногу значење на облеката, а пред сè не бркајте ја модата. Купувајте работи кои се трајни и удобни и тогаш ќе ви останат пари и за слики.“

8. „Од сите животни само човекот умее да се смее, иако има најмалку причини за тоа.“

9. „Постојат два типа на луѓе: оние со кои е лесно, а исто така е лесно и без нив, и оние со кои е тешко, но не можете без нив.“

10. „Паметниот човек понекогаш се опива, како би се дружел со својата глупавост.“

11. „Доколку себе си дозволиш шега, луѓето не те сфаќаат сериозно. И истите овие луѓе не разбираат дека без шега многу работи не би можеле да ги поднесеме.“


12. „Човекот не е создаден за порази. Човекот може да биде уништен, но не и поразен.“

13. „Навистина храбрите луѓе немаат потреба да се борат во двобои, но многу кукавици тоа постојано го прават, за да се уверат во сопствената храброст.“

14. „Човек не може сам … Во секој случај човекот сам не може апсолутно ништо.“

15. „Најважниот дар на писателот е вроден детектор за ср*ње. Сите добри писатели го имаат.“

16. „Сите добри книги се налик една на друга: повистинити се од животот.“

17. „Што е тоа што му пречи на писателот? Алкохол, жени, пари и амбиција.“

18. „Тоа што писателот сака да го каже, не би требало да го говори, туку да го напише.“

19. „Пишувај пијан, уредувај трезен.“


20. „Среќата е: добро здравје и лоша меморија.“

21. „Оној кој се фали со ерудиција или знаење, нема ниту едно ниту друго.“

22. „Подобро да немаш идеологија, отколку да немаш работа“.

23. „Не ми е гајле каков е светот. Сè што сакам да знам е како да живеам во него. Можеби ако сфатите како да живеете во него, конечно ќе разберете и каков е.“

24. „Има полоши работи од војна. Многу полоши се кукавичлук, предавство и себичност.“

25. „Во животот не е толку тешко да се смириш кога немаш што да изгубиш.“

26. „Оној кој ќе победи во војната никогаш нема да престане да се бори.“

27. „На светот има многу жени со кои можеш да спиеш, но толку малку со кои можеш да разговараш.“

28. „Не може да има ништо срамно во она што дава среќа и гордост.“

29. „Светот е добро место за кое вреди да се бориш и јас навистина не сакам да го напуштам.“




Спонзорирани линкови

Маркетинг