[ФОТО] Луѓето „завојуваа“ на социјалните мрежи поради оваа сцена од Грција: „Годинава и ова ќе го гледаме на плажа“

Точка

07/05/2025

10:14

3.984

Големина на фонт

а а а

На Фејсбук, во групата каде што членуваат обожавателите на Грција, се појавила фотографија која предизвикала општ хаос.

Имено, некои туристи веќе се упатиле во Грција со оглед на тоа што почетокот на сезоната се приближува.

На фотографијата која била споделена на Фејсбук страницата „Грчка уживо“, се гледа плажата со туристи кои поставиле необично нешто за заштита од сонцето, а истото зазема голем простор на песочната плажа.

„Како го коментирате тоа што луѓето масовно, преку кинеските страници, ги купуваат овие гломазни нешта за заштита од сонцето? Зазема пола плажа, а инаку има малку место за луѓето кои носат свои чадори. Ова нешто зазема простор колку за шест до осум чадори“, пишувало под објавената фотографија која предизвикала лавина коментари.

Многу од корисниците на социјалните мрежи наведуваат дека вакви сцени сигурно ќе гледаат во текот на претстојната летна сезона.

„Колку што гледам, овие луѓе се сами на плажа, нема никој“, напишал некој под фотографијата., а други коментирале:

„Решение, демек случајно ќе се сопнеш, а во меѓувреме ќе го пресечеш едниот крај, тенко е“.

Имало и такви луѓе кои го оправдале тоа што е на фотографијата затоа што секој има право да летува на начин на којшто сака:

„Сѐ ви пречи. Ви пречи што некој не користи лежалки, ви пречи што користи, ви пречи што се јаде на плажа, што се носи фрижидерче... Сега и ова ви пречи. Некогаш луѓето оделе на море да уживаат и да се одморат, а денес за да бидат видени на плажа. Опуштете се, има место за сите“.


Грците ги заострија законите: Ова е забрането

Инаку, грчкото Министерство за туризам се огласи по повод новите мерки кои се однесуваат на камп-возилата и камперите.

Министерството во соопштение изнесе појаснување во врска со Законот 5170/2025 за камп-возилата и камперите и нагласи дека најновата уредба само законски го потврдува она што веќе се смета за стандард во добро уредените држави – заштита на јавните добра, како што се хигиената и безбедноста, со забрана за злоупотреба на јавни простори на сметка на природното и културно опкружување.