Салвадор Дали беше шпански сликар, ексцентричен и еден од најзначајните надреалисти на 20 век, кој ги помести границите на уметноста. Тој е еден од најкреативните сликари на сите времиња.
Целиот свој живот верувал дека е посебен. Тој беше еден од водечките уметници на надреализмот и често користеше претстави на соништата и потсвеста во своите дела.
Дали е роден на 11 мај 1904 година во Шпанија. Пораснал во Фигерес, во регионот Каталонија, во семејство кое комбинирало два сосема различни погледи на светот. Неговиот татко бил атеист и републикански поддржувач на каталонската независност, неговата мајка била побожна католик.
Се школувал на Академијата за ликовни уметности во Мадрид, каде што ги развил своите технички вештини и експериментирал со различни стилови. Првата пресвртница во неговата работа се случила кон крајот на 1920-тите, кога почнал да го чита Зигмунд Фројд и се поврзал со париските надреалисти.
Неговите омилени теми беа времето, релативноста на времето и просторот, потсвеста, оптичките илузии… Ова се 8 мудри цитати од Салвадор Дали.
1. „Не плаши се од совршенството. Никогаш нема да го достигнеш.“
2. „Ако се преправаш дека си гениј, стануваш еден!“
3. „Интелигенцијата без амбиција е како птица без крилја.“
4. „Има денови кога мислам дека ќе умрам од предозирање со задоволство.“
5. „Разликата помеѓу вистинските и лажните сеќавања е иста како и разликата помеѓу вистинските и лажните дијаманти; лажните секогаш изгледаат вистински и светат најсветло.“
6. „Јас не сум кловнот, туку ова монструозно цинично, несвесно и наивно општество, кое ја игра улогата на сериозност за да ја скрие својата лудост што е можно подобро.“
7. „Сликањето е најискрената уметност во која нема можност за измама. Или е добро или лошо.“
8. „Тргувањето без рекламирање е исто како да намигнеш на девојка во темница. Знаеш што правиш, но никој друг не знае.“