Тиктокерката и блогерка за патувања, Хелен Сула, позната на социјалните мрежи под името „@heleneinbetween“, пред неколку дена објави видео во кое раскажа дека моментално живее во Црна Гора.
Таа откри дека некои работи во таа земја навистина ја изненадиле.
Watch on TikTok
На почетокот од видеото, рече дека верува оти сите земји на Балканот се многу безбедни, но дека некои секојдневни случувања во Црна Гора ја шокирале.
Цигари и ракија
„Некои работи ми се навистина тешки за прифаќање. Најважно е што луѓето овде сè уште пушат многу. И тоа во затворени простории – пушењето е буквално насекаде. Внатре, надвор, каде и да сте, некој пуши. Знам дека зависи од локацијата, но во Црна Гора и на Балканот воопшто, луѓето пушат насекаде и тоа е сосема нормално“, рече таа, додавајќи дека исто така ѝ е чудно што некои луѓе во Црна Гора пијат ракија пред утринското кафе.
Продавници
Тоа што особено ја изненадило е фактот дека во Црна Гора нема „Мекдоналдс“, „Старбакс“, па дури ни „Епл стор“. „Тие продавници едноставно не постојат овде, што ми е интересно. Но, затоа има места со ќебапи насекаде – и искрено, тие се вкусни. Не сум голем обожавател на „Мекдоналдс“, но понекогаш едноставно сакате да отидете таму и низ прозорецот да купите „Кока-Кола лајт“ – но тоа не е можно овде. Освен тоа, „Кока-Кола лајт“ не постои – имаат само „Кока-Кола Зеро“.
Клима уредите предизвикуваат настинки, луѓето не се поздравуваат на улица
Потоа Хелен продолжи да набројува работи што ѝ се чудни во Црна Гора и рече дека луѓето таму „мислат дека клима-уредите предизвикуваат настинки“.
„Луѓето овде искрено веруваат дека клима-уредите предизвикуваат настинки. Всушност – мислат дека можат да се разболат поради клима-уредот. Постојано зборуваат за тоа. Велат дека биле во Америка и се разболеле поради климата во хотелската соба“, рече Хелена.
Исто така, таа кажа дека ѝ е чудно што луѓето не се поздравуваат едни со други на улица. „Кога ќе поминеш покрај некого на улица, никој нема да те погледне. Нема насмевка или кимнување. Како да не постоиш. Никому едноставно не му е гајле“.
„Луѓето возат лудо“
На крајот, таа се осврна и на сообраќајот.
„Луѓето навистина возат лудо. Многу агресивно и брзо, патиштата често се кривулести и тесни, а честопати нема заштитни огради. Но и покрај тоа, децата често седат напред, на совозачкото седиште! Никогаш не сум видела такво нешто. Дури и во главниот град, во Подгорица – луѓето возат низ кружен тек со дете на предното седиште. Интересно, благо речено“, заклучи таа.
Од друга страна во коментарите Балканците ѝ порачаа дека мора да се адаптира и истакнаа дека треба да биде среќна што може да се чувствува побезбедно во Црна Гора отколку во Америка.