[ВИДЕО] Објавен е официјалниот трејлер за новиот хорор-трилер на Николас Кејџ, а сите коментираат една работа

Точка

22/05/2024

11:55

3.578

Големина на фонт

а а а

После неколку тизери, „Studio Neon“ конечно го објави трејлерот за претстојниот хорор-трилер „Longlegs“, во кој главните улоги ги толкуваат Николас Кејџ и Маика Монро.

Во филмот, Монро ја игра агентката на ФБИ, Ли Харкер, која се обидува да фати сериски убиец кој се претставува како Лонглес (Николас Кејџ). Целиот случај се комплицира кога Харкер открива докази кои го поврзуваат убиството со окултизмот.

Филмот го режираше и напиша Осгуд Перкинс, а споредните улоги ги толкуваат Алиша Вит и Блер Андервуд.

Една од најдобрите изведби на Николас Кејџ

Продуцентите Кен Као и Џош Розенбаум го пофалија Кејџ во интервју за „Screen Rant“, велејќи дека тоа е една од неговите најдобри изведби во хорор филм.

Според „Screen Rant“, критичарите кои имале шанса да го погледнат филмот пред премиерата напишале дека „Longlegs“ ги потсетува на култниот хорор филм „The Silence of the Lambs“ и дека ова е еден од најдобрите хорор филмови за 2024 година.

Каде е Кејџ?

Трејлерот за филмот ги воодушеви гледачите, но сите коментираат дека не добивме шанса да го видиме Кејџ.

„Воопшто не го покажаа Кејџ, тоа е интересна маркетиншка тактика“, напишал еден гледач, додека друг додал: „Требаше да го сокријат фактот дека тој е во филмот до премиерата, но мислам дека има правила против тоа. "


„Мислам дека го видовме. Мислам дека тој е момчето со бела коса, кое ги држи рацете во воздух“, напиша трет гледач. Во трејлерот за момент се појавува непознат лик за кој некои гледачи веруваат дека е Кејџ.

„Ова изгледа како микс од „True Detective, Zodiac и The Silence of the Lambs“, напиша четвртиот.

Хорор-трилерот „Longlegs“ ќе биде премиерно прикажан на 12 јули 2024 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг