[ВИДЕО] Хаос на модна ревија во Шведска: Манекенките ги гаѓале со ѓубре, а на креативната директорка ѝ залепиле торта во лице - еве која е причината

Точка

26/02/2024

13:03

10.295

Големина на фонт

а а а

Еден моден бренд, со еден несекојдневен концепт на ревија, сакал да укаже на проблемот со психичкото насилство во ерата на социјалните мрежи, а нема сомнеж дека со овој потег успеаја да ги натераат луѓето да зборуваат за тоа.

Иако социјалните мрежи донесоа многу добри работи, нивната лоша страна е сè позагрижувачка поради оние кои ги користат овие платформи за ширење на омраза, омаловажување, закани и останати лоши и вознемирувачки потези, и тоа често упатени до луѓе кои дури не ги ни познаваат.

Шведскиот моден бренд „AVAVAV“ сакал да укаже на проблемот со психичкото насилство во ерата на социјалните мрежи, поради што претставил прилично скандалозна модна ревија.

Нивната ревија за есен/зима 2024-2025 година кулминирала со фрлање торта во лицето на креативната директорка, додека во текот на самата ревија присутните гости биле повикани да ги гаѓаат манекенките со ѓубре.

Додека дефилирале на пистата, манекенките трпеле таков вид насилство, со дофрлање на негативни коментари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг