Целосна гола на насловна страница на 58 години: Ѝ велат дека е престара за да се соблекува, но таа им пркоси

Точка

29/11/2023

22:15

6.582

Големина на фонт

а а а

За себе вели дека е најмоќна кога е гола и само сака да им докаже на луѓето дека сексапилот не мора нужно да исчезнува со годините.

Поранешниот супермодел Паулина Поришкова (58) сака да ги мотивира сите жени да стареат природно, да не слушаат критики и да научат да се чувствуваат одлично во своја кожа, без разлика на возраста.

Иако е на прагот на 60-те години, таа сепак гордо го покажува своето тело и му порачува на светот дека сè уште е секси, а неодамна гола се појави и на насловната страница на ноемвриското издание на чешкиот магазин „Elle“.

Поришкова е меѓу ретките познати личности кои одбиваат да се подложат на пластични операции и редовно прикажува како навистина изгледа на социјалните мрежи. Како што еднаш изјави и самата - тогаш се чувствува најмоќна.

„Пораснав во култура и време кога голотијата беше вообичаена и апсолутно прифатена како дел од човечкото суштество. Никогаш не се срамев од моето голо тело. Затоа, сè додека е мој избор да се соблечам, тоа всушност ме прави силна. Ми се чини дека немам што да кријам. Во ова е мојата моќ. Не во голотијата сама по себе, туку во способноста да се покажам таква каква што сум“, изјавила таа по повод насловната страница.

„По ова снимање, ја прашав мојата љубов, Џеф, како се чувствува кога ме виде така гола. „Ти беше најмоќната личност во просторијата“, одговори тој. А тоа е она што го гледам на оваа фотографија. Жена која не се срами што е таква каква што е. Жена која одбива да се срами. Не се чувствувам како оваа жена секој ден, но ова е жената која би сакала да станам. Онаа која го бара својот простор без извинување, без вина, без срам - со или без облека“, изјавила Паулина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг