Ова се најдобрите фотографии од природата за 2023 година, во главните улоги се величествени животни

Точка

29/11/2023

21:43

4.306

Големина на фонт

а а а

„Nature Talks“ ги објави победниците на натпреварот „Nature Photographer of the Year 2023“.

Главната награда ја доби Жаки Матечук од Канада за нејзината фотографија „He Looks to the Heaven“, на која е прикажана мечка на дрво.

„Шпанскиот мов е секогаш убава, многу фотогенична тема и често самата може да понуди визуелно интересни композиции, и од гледна точка на боја и од гледна точка на текстура. Силуетата на мечката која преоѓа преку шпански мов кој виси од стебло е нешто што ги надминува најлудите соништа на фотографите на природата“, изјави Марко Гајоти, претседател на жирито.

Покрај главниот победник, во изборот на фотограф на природата за 2023 биле доделени и други награди за импресивни фотографии.

Повеќе информации за овој престижен натпревар можете да дознаете на веб-страницата naturephotographeroftheyear.com.






Спонзорирани линкови

Маркетинг