[ФОТО/ВИДЕО] Светската туристичка организација го избрала најдоброто село на светот: „Заливот на поетите“ или омиленото место на Вирџинија Вулф можеби треба да е вашата следна дестинација

Точка

29/11/2023

17:37

11.123

Големина на фонт

а а а

Светската туристичка организација (UNWTO) секоја година прави листа на најдобрите светски дестинации.

Последната од низата им препорачува на патниците рурални заедници со поспоро темпо на живот.

Денес се најактуелни дестинациите со див природен пејзаж и богата традиција, што го потврдува и листата на најдобрите туристички села на светот. Едно од најдобрите се наоѓа во Италија.


Во последните неколку години, UNWTO ги препознале селата ширум светот кои предводат во негувањето на руралните области и зачувувањето на пејзажите, културната разноликост, локалните вредности и кулинарски традиции. Токму тоа и се наоѓа на листата на најдобри села меѓу кои се наоѓа и селото Леричи од Италија.


Листата содржи 54 села кои се избрани врз основа на девет различни критериуми, вклучувајќи го и тоа колку добро ја чуваат (и прикажуваат) својата природа и околина, нивната посветеност и економска и еколошка одржливост, како и зачувувањето на културното наследство.

Италија не е само Венеција или Чинкве Тере. За патниците кои бараат прекрасни погледи на море, чисти плажи и шарени куќи, постои уште една дестинација во регионот на Лигурија, која можете да ја додадете на својот список.


Сместен на северозападниот италијански брег, 100 километри јужно од Џенова, се наоѓа Леричи.

Ова место го нарекуваат и „Заливот на поетите“, бидејќи е домаќин на бројно културно уметнички фестивали, ликовни изложби и колонии. Со векови тоа е место за средби на поети и уметници, како што биле Шели, Вирџинија Вулф или режисерот Пазолини.


За разлика од многу други крајбрежни италијански градови, Леричи ја задржал својата традиционална рибарска индустрија. Леричи го има најстарото одгледување школки во Италија, кое датира од 19 век. Меѓутоа, локалното население сфаќа дека рибарството денес мора да биде одржливо, па затоа сите се откажале од интензивниот риболов.


Помеѓу разните иницијативи за одржливост, градот спроведува пилот-проект наречен „Smart Bay“, кој вклучува научно истражување и мониторинг на заливот и неговите екосистеми. Воведени се и соларни панели, забранета е пластика за еднократна употреба, како и сите активности кои можат да ја загрозат животната средина.


Градот е најпознат по живописното опкружување и прекрасната архитектура. Најважната карактеристика е средновековниот замок Кастело ди Леричи, кој овозможува панорамски поглед на заливот Ла Специја и околните области.


Градот има шармантен брег со шарени згради, продавници и ресторани, што го прави пријатно место за истражување. Локалните жители имаат една цел, тие сакаат да станат дестинација која не само што ќе освојува со својата природна убавина, туку претставува и модел на еколошки триумф и издржливост.




Спонзорирани линкови

Маркетинг