Седум намирници кои никогаш не треба да ги јадете за појадок: Eдна од нив е омилена кај народите од екс ју просторите

Точка

28/11/2023

11:39

9.647

Големина на фонт

а а а

Наутро обично посегнуваме по јогурт, шолја кафе, печиво или сок од портокал, и тоа е она што луѓето најмногу го јадат во текот на утрото.

Сепак, иако на многумина тоа им изгледа како совршен појадок, вистината е поинаква – идеален за око, но не и за организмот: не е добро да се внесува на празен стомак, пишува „Medium“.

Што треба да се избегнува?

1. Тестото не е добредојдено

Сите веднаш се будиме кога ќе почувствуваме миризба на свежо печиво, но тоа не е добро да го јадеме наутро, иако делува како најлесно и најприфатливо решение. Оваа храна содржи квасец кој ја иритира слузокожата на желудникот и може да предизвика надуеност, а наместо вкусен кроасан најдобро е да јадете леб од цело зрно житарка.


2. Слатките се непријател

Да, иако многумина не можат без нив, шеќерот никако не е добар. Шеќерот го подига нивото на инсулин кој го оптоварува „разбудениот“ панкреас, а доколку веќе сакате исто така ја стимулира активноста на мозокот и го зголемува нивото на серотонинот.

3. Јогуртот како изненадување

Ќе звучи чудно, но консумирањето јогурт и други ферментирани производи за појадок нема многу корист за телото доколку ги јадете на празен стомак бидејќи создава хлороводородна киселина.


4. Крушата поради влакната

Доколку ја сакате, сепак исфрлете ја од појадокот. Иако се многу корисни, суровите влакна кои се наоѓаат во неа може да ја оштетат чувствителната слузокожа на празен стомак. Наместо круша, кога е лето секако, јадете – лубеница!

5. Доматот е лоша идеја

Поради високото ниво на танинска киселина која ја зголемува киселоста во желудникот може да доведе до чир, доматите не се добра идеја да се јадат на празен стомак. Како би имале енергија за цел ден, најдобро е да го јадете за ручек.

6. Бананите не се добар избор

Доколку ги јадете на празен стомак, тоа може да доведе до зголемено количество на магнезиум, тоа може да му штети на срцето. Наместо тоа, јадете овесни снегулки на празен стомак бидејќи содржат растворливи влакна кои се корисни за намалување на нивото на холестерол.


7. Никако цеден сок од портокал

Иако е најзгодно да се исцеди и испие, или, пак, само да се нарача и земе на пат кон работа, знајте дека цитрусното овошје е богато со овошни киселини и затоа може да предизвика подригнување и го зголеми ризикот од гастритис. Наместо тоа, консумирајте боровинки бидејќи тие ќе ја подобрат меморијата и крвниот притисок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг