[ВИДЕО] Луѓето не веруваат колку години има оваа жена, младите ѝ пишуваат дека им е инспирација

Точка

27/11/2023

20:24

6.048

Големина на фонт

а а а

Џим Тен од Калифорнија стана популарна на социјалните мрежи поради своите совети за здрав начин на живот. Речиси 250.000 луѓе ја следат на ТикТок, но многумина останале изненадени кога дознале колку години има Џим.

„Верувам дека стареам како добро вино. Мислам дека оваа година изгледам помладо отколку минатата година“, вели 63-годишната Тиктокерка во едно од видеата. Таа смета дека е многу важно да не се оптоварувате за годините ниту да мислите на истите.

„Годините се само бројка. Фокусирајте се на она што ве прави среќни, фокусирајте се на она што ве прави да се чувствувате добро“, вели таа.

Џим додава дека никој не треба да се плаши од стареењето, туку да го прифати затоа што „животот станува сè подобар и подобар“. Таа истакнува дека многу внимава на себеси, па затоа се облекува модерно, но и вежба.

„Трчам побрзо и повеќе отколку што можев во моите 20-ти години“, вели Тен.

Нејзините следбеници редовно во коментари ѝ пишуваат дека зрачи со многу позитивна енергија и дека нејзините видеа секогаш ги развеселуваат.

„Ова е неверојатно. Нашите тела пропаѓаат со текот на годините, но тоа е затоа што ги прекинуваме сите навики од младоста. Оваа жена ‘растура’“, гласи еден од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг