[ФОТО/ВИДЕО] Најнеобичното место за хостел? Енергијата и организацијата се одлични, но многумина не можат да го пронајдат влезот

Точка

27/11/2023

20:01

10.679

Големина на фонт

а а а

Хостелот „Joe&Joe“ во Виена стана хит на социјалните мрежи поради својата необична локација. Овој модерно опремен хостел се наоѓа на петтиот и шестиот кат во салон за мебел – поточно во големата „ИКЕА“ во близина на железничката станица „Wien Westbahnhof“.

Необичната локација ги збунува сите оние кои претпочитаат да користат „Google Maps“ наместо да ги проверуваат советите во рубриката „Како да стигнете до нас“ на интернет страниците на овој хостел, па така имаат проблеми кога треба да го најдат влезот.


Влезот во „ИКЕА“ е и главниот влез во овој хостел. Потребно е да се искачите на ескалаторот до петтиот кат – низ салонот на „ИКЕА“, па дури и да минете низ популарниот шведски ресторан пред да стигнете до рецепцијата и да букирате кревет по ваш избор.

Своето искуство со пријавувањето во хостелот „Joe&Joe“ го снимила канадската тиктокерка Џес Браун, а краткото видео што го објавила на „ТикТок“ набрзо станало вирално со повеќе од 2,3 милиони прегледи. „Искрено, да се биде еден кат над ресторан на „ИКЕА“ заслужува оценка 10/10“, напишала Џес на својот „ТикТок“, предизвикувајќи дискусија за овој хостел, кој е исклучително популарен меѓу младите патници.


Коментаторите на „ТikTok“ кои биле во хостелот истакнале дека сè било чисто и убаво организирано, енергијата е одлична, а вработените дружељубиви и полни со корисни информации.



Хостелот „Joe&Joe“ вклучува околу триста кревети кои се распоредени на два ката во различни комбинации – можете да изберете сè, од приватни соби до заеднички простории со десет кревети.

Во склоп на хостелот се наоѓа заедничката кујна, караоке сала, а можете да го користите и барот на горниот дел од зградата со прекрасен поглед на Виена.


Собите може да се резервираат преку „Booking“ по цена од околу 50 евра па нагоре – во зависност од типот на сместување што го преферирате.






Спонзорирани линкови

Маркетинг