Таа беше една од најголемите љубови на Тоше Проески, а потоа влезе во историјата: Како изгледа и што прави денес Андријана Будимир?

Точка

21/10/2023

09:55

15.863

Големина на фонт

а а а

Ракометарката Андријана Будимир беше најголемата љубов на трагично починатиот, еден и единствен Тоше Проески.

Денеска се навршија точно 16 години откако нѐ напушти еден од најдобрите вокали во регионот – нашиот Тоше Проески.

Тоше трагично го загуби животот на 18 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа, а по неговата смрт се дозна дека тој бил во врска со ракометарката Андријана Будимир.

Откако се дознало за нивната врска, сите можни медиуми сакале да направат интервју со Андријана, на тема односот со Тоше, секако за да откријат нешто повеќе за нивната врска, но Будимир никогаш не се согласила на такво нешто.

Но, многу години после смртта на Тоше, Андријана изјавила:

„Некогаш Тоше ми носеше ружи, моето омилено цвеќе. Сега јас него му ги носам на гроб. Докторот ми забрани да одам во Крушево затоа што секојпат откако ќе отидам на гробот на Тоше завршувам во болница“, раскажала Андријана.


Каде е и што прави денес Андријана?

Андријана своевремено играла за Црвена ѕвезда, Напредок од Крушевац, како и за репрезентацијата на Србија и Црна Гора. Се пишувало дека после распадот на таа држава таа поднела барање да игра за селекцијата на Хрватска.


Пет години по смртта на Тоше, Андријана повторно се заљубила. Таа се венчала со еден угостител од Скопје, а две години подоцна станале родители на синот Максим.

Андријана успеала да влезе во историјата на ракометот и тоа како прв женски тренер на машка селекција.


Будимир ја водеше и селекцијата на Македонија на официјалниот EHF турнир во Унгарија. Тоа било тим од момчиња родени во 2002 година.

Денес Андријана е сопственичка на приватно ракометно училиште.