[ФОТО] Ова е единствената жена од Балканот на која Моника Белучи ѝ ги „лајкува“ фотографиите: „Беше грижлива како мајка“

Точка

22/08/2025

22:13

5.329

Големина на фонт

а а а

Пријателството на актерките трае уште од времето кога заедно работеле на филмот на Емир Кустурица „На млечниот пат“.

Популарната српска актерка Слобода Мичаловиќ на 21 август го прослави својот 44 роденден, а многумина се согласни, популарната убавица никогаш не изгледала поубаво.

Од самиот почеток на кариерата таа редовно се наоѓа на листите на најубави жени, па поради тоа не е чудно што често на филмското платно добивала улоги на заводливи жени.

А, една од оние кои исто така не е имуна на изгледот на оваа Србинка е и светски познатата актерка Моника Белучи.

Доколку погледнете на социјалните мрежи на Мичаловиќ, ќе забележите дека оваа убава Италијанка постојано ѝ ги лајкува фотографиите и неретко ѝ остава коментари под истите.

Нивното пријателство започнало пред многу години кога заедно работеле на филмот на Емир Кустурица „На млечниот пат“, а актерките останале блиски години подоцна.

„Ние две фантастично се согласувавме, како да се знаеме отсекогаш, како да сме пријателки од училиште. Имам само пофални зборови за неа, секогаш беше тука како поддршка. Го сакам зголемениот адреналин на сетот, сите сцени ги направив сама без каскадери. Моника се чудеше и говореше дека не сум човек од циркусот, туку актерка и дека ќе се повредам. Беше грижлива како мајка“, открила Слобода своевремено.