„Професионално идила, приватно борба“: Никол Кидман по две децении ја откри главната причина за разводот од Том Круз

Точка

22/08/2025

22:13

4.724

Големина на фонт

а а а

Актерката Никол Кидман неодамна проговори низ што сѐ минувала во моментите кога освоила Оскар за улогата на Вирџинија Вулф.

Никол Кидман откако освоила Оскар се развела од холивудската ѕвезда Том Круз, по 11 години брак.

Таа со Том посвоила две деца, Изабела и Конор, а сега открила што претходело на крахот на нивниот брак.


„И додека на професионален план сѐ беше идилично, во приватен живот се борев. Но, тоа се случува, зар не?“, започнала да раскажува Никол за книгата „50 Oscar Nights“ од авторот Дејв Каргер.

„Отидов дома, нарачав достава на храна и завршив со вечерата на подот од својата соба. Седев на подот и јадев помфрит и бургер со семејството, а потоа отидов во кревет. Дури тогаш ме погоди сѐ и сфатив дека морам да најдам љубов затоа што таа во животот е потребна. Отидов во кревет пред полноќ. Денес, да го освојам повторно Оскарот не би се вратила дома 24 часа“, додала актерката.

По завршеното доделување на Оскарите сите ја убедувале да продолжи на традиционалната забава, но актерката не сакала да оди.


„Им реков дека тоа не би изгледало добро, дека би се чувствувала понизно. Дека не би било во ред да одам од маса на маса и да ја шетам наградата околу. Тоа би било непристојно“, изјавила Кидман, па додала дека на крај сепак попуштила:

„Буквално шетав и го носев наоколу, но бев целосно скршена и емотивна, се тресев постојано и нималку не уживав. Само што не се извинував затоа што ми беше толку глупаво. Би сакала да можев повеќе да уживам“.