5 симптоми кои покажуваат дека постои психички проблем: Вака телото испраќа сигнали дека менталното здравје е нарушено

Точка

28/09/2023

15:12

10.995

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте помислиле дека проблемите со варењето или спиењето, па дури и чкртањето на забите, може да укажуваат на тоа дека се соочувате со стрес, анксиозност или проблеми со менталното здравје?

Анксиозноста ја измачува светската популација почесто отколку што мислите, а симптомите не се ограничени на грижа, немири и стравови. Генерализираното анксиозно растројство може да се манифестира физички, а постојат 6 знаци дека можеби станува збор за психолошки проблем.

Главоболка

Главоболките се еден од главните ментални и физички симптоми на анксиозното растројство. Недостатокот на сон, прекумерното размислување, напнатоста во рамената и горниот дел од грбот и чувството на зголемен страв, се симптоми на анксиозност што може да одведе до главоболки. Главоболката обично исчезнува за неколку часа, но може да трае и неколку дена. Доколку главата ве боли неколку пати неделно или болката е исклучително интензивна, треба да посетите општ лекар или невролог.


Неправилно дишење

Нападите на паника се карактеризираат не само со зголемена анксиозност, туку и со кратко, плитко дишење кое е тешко да се контролира. NHS го класифицира отежнатото и забележително тешко, брзото и неправилно дишење – како анксиозно растројство.

Доколку чувствувате дека не можете да земете доволно длабок здив или редовно чувствувате притисок во градите, ова е причина да се обратите на доктор.

Проблеми со спиењето

Недостатокот на сон може да сигнализира анксиозност. Обрнете внимание на шемите на спиење и проценете дали имате проблем да заспиете и дали се будите неколкупати во текот на ноќта. Доколку не се чувствувате освежени кога се будите, постои причина за загриженост. Обидете се да работите на квалитетот на вашиот сон. Ако вашите напори не вродат со плод и уморот продолжи да се акумулира, треба да се консултирате со лекар. Забележете дека несоницата се смета за физички симптом на генерализирано анксиозно растројство.


Бруксизам – чкртање на заби

Треба да знаете дека и болката во мускулите, напнатоста и сувата уста се физички знаци на анксиозно растројство. Доколку често ја стегате вилицата во текот на денот или ноќта, или можеби дури чкртате со забите во сон, ова е јасен сигнал да преземете нешто. Бруксизмот може да доведе не само до трошење на забите и болка во увото, туку и до главоболки и болки во мускулите на лицето, како до нарушување на спиењето. Ако чкртате со забите, посетете го вашиот стоматолог, кој ќе ви препише посебна заштита. Алтернативно, можете да пробате вежби за релаксација на мускулите или когнитивна бихевиорална терапија за да го намалите стресот и анксиозноста.


Проблеми со варењето

Честопати слушаме како луѓето велат дека чувствуваат непријатност во стомакот или цревата. Важно е да знаете дека анксиозноста може да го наруши балансот на варењето, да го успори или премногу да го забрза. Од една страна може да доведе до надуеност, запек и болка, а од друга страна до дијареја и често посетување на тоалетот. Доколку се грижите многу, вашиот дигестивен систем исто така станува нервозен. Пред да барате проблем во гастроинтестиналниот тракт, запрашајте се во каква психичка состојба се наоѓате – можеби решението ќе биде во оваа област.