Oваа фатална жена е Борината „Лутка са насловне стране“: Лудо ја сакал, а кога го напуштила ѝ ја посветил „Остани ђубре до краја“

Точка

28/09/2023

11:21

20.343

Големина на фонт

а а а

„Лутка са насловне стране“ е еден од најголемите хитови на Бора Ѓорѓевиќ и групата „Рибља Чорба“, а оваа песна е поврзана со средба помеѓу музичарот и дамата која оставила длабока трага, па така некои од најпопуларните стихови на овој рок-бенд ѝ се посветени токму нејзе.

Станува збор за Билјана Невајда Шевиќ, една од најбараните манекенки во седумдесетите.


Билјана и Бора се запознале случајно, за време на гостување во извесна емисија. Тогаш магазинот „Нада“, во својата редакција организирале свеченост на која присуствувале манекенката и музичарот, а при оваа средба меѓу нив веднаш се создале првите искри.

Додека Бора ја свирел една од најпопуларните песни „Лутка са насловне стране“, за првпат ја видел убавата манекенка Билјана, па уште тогаш се јавиле првите симпатии.


Десетина години подоцна, Бора и Билјана повторно се сретнале, сосема случајно во Сплит, кога почнале да комуницираат, по што популарниот музичар бил фасциниран од убавата манекенка.

Двајцата започнаа врска набргу по оваа средба. Сепак, тоа траело само шест месеци.

Билјана своевремено во медиумите открила дека причината за нивната разделба е тоа што никогаш не можела потполно да му верува на Бора. Таа се вљубила во друг маж, поради што го напуштила и музичарот и Белград. Потоа со новото момче се преселила во Сараево, а потоа се омажила и добила дете.


Билјана важела за вистинска убавица, фатална за машкиот род, а Бора Ѓорѓевиќ ѝ посветил дури три песни. Кога се разделиле, музичарот го напишал текстот за песната „Остани ђубре до краја“, која подоцна станала една од најпопуларните песни на бендот.

Како што Билјана раскажала во една прилика, кога го напуштила, тој ѝ се јавил и ѝ ги прочитал стиховите што ги напишал.

„Беше вечер. Ѕвони телефонот, се јавува Бора. Ме замолува да се сретнеме „Под липата“, за да ми ја прочита песната што ми ја напишал. Се спремам и одам таму, кога таму … Исто како во песната: „Додека стои на шанкот делумно пијан, мразејќи се по малку себеси и другите, „убивајќи“ се со коњак и цигари“. Седнавме на масата и тој ми ја прочита во еден здив, од неговата позната тетратка, во која пишуваше стихови.: „Јас не сум од тие кои „цвилат“, те немам веќе и што да правам, но барем насмевни се кога ќе ме видиш, остани ѓубре до крај“, раскажала Билјана опишувајќи како се чувствувала кога ги слушнала зборовите од оваа песна:


„На почетокот тоа „ѓубре“ ми звучеше малку грубо, но кога сфатив дека тоа „ѓубре“ е всушност опасна, феноменална личност од која тој е воодушевен, а таа безмилосно го напушта, песната дефинитивно ми се допадна! Сепак, тоа беше сè.Во тој момент не предизвика ништо во мене. Се сеќавам дека дури и бев рамнодушна кога ми ја пуштаа на мојата свадба. Воопшто не ме допре“, своевремено за „Телеграф“ изјавила поранешната манекенка, 40 години по објавувањето на оваа песна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг