Цртањето е една од главните занимации на учениците за оттргнување од досадата, но едно момче успеало да го уновчи својот талент за цртање. Неговите цртежи станале хит на социјалните мрежи.
13-годишниот Џо Вејл е од Шрусбери во западна Англија, а на социјалните мрежи е познат и како „Дудл Бој“. Наставниците често го карале за цртање на часовите, но момчето успеало неговата страст за цртање да ја претвори во успешен бизнис.
Џо го привлече вниманието со своите илустрации преку Инстаграм, каде што сега има повеќе од 167.000 следбеници. Неговите илустрации го привлекле вниманието на некои од најголемите светски брендови за спортска облека, вклучувајќи го и „Nike“.
Всушност, Џо успеа да склучи огромен договор со „Nike“, кој започна дигитална кампања за поттикнување на детската креативност, а неговата агенција „Loveblood Creative“ го потврди партнерството во писмена изјава.
„Многу сме возбудени што можеме да потврдиме дека Џо сега е дел од семејството „Nike“. Тоа е навистина уникатна врска која ги обединува талентот на Џо и љубовта кон спортот за да ги инспирира другите да се забавуваат и да го прават она што го сакаат“, се вели во соопштението.
Таткото на Џо, Грегори Вејл, тогаш откри за Си-Ен-Ен: "Џо е многу возбуден што ќе се приклучи на семејството „Nike“, тој апсолутно го сака брендот. Тоа е остварување на сонот за него бидејќи сака и спорт и креативност, а партнерството со овој бренд ќе му даде можност да ги прави и двете“.
На официјалната веб-страница, „Doodle Boy“ Џо објаснува: „Цртам и сликам од својата тригодишна возраст и уметноста е голем дел од мојот живот - би цртал, сликал и работев секоја шанса што ќе ја добијам и тоа не се промени до ден денес".
Момчето вели дека има само едно правило кое секогаш го следи кога се во прашање неговите цртежи: „Во уметноста нема правилно или погрешно, само интерпретација. А тоа значи дека кога создавам, јас сум целосно слободен да се изразам“.