Според најновата студија објавена детално во научното списание „The Lancet“ – луѓето кои работат потешки физички професии, имаат поголема веројатност да заболат од деменција.
„Нашата работа го истакнува она што се нарекува парадокс на физичката активност – поврзаноста на физичката активност во слободно време со подобри когнитивни исходи и како физичката активност поврзана со работата може да доведе до полоши когнитивни исходи“, нагласил главниот автор на студијата, Вегард Скирбек, професор за Здравјето на населението и семејството на Универзитетот Колумбија.
Според „The Sun“, тој и неговиот тим спровеле студија во соработка со Националниот центар за стареење и здравје во Норвешка и Центарот за стареење „Butler Columbia“, во која тие заклучиле дека „конзистентно работење во занимања со средни или високи физички работи е поврзан со зголемен ризик од когнитивно оштетување“.
Побарувачките работни места се дефинирани како оние кои „бараат значајна употреба на рацете и нозете и движење на целото тело, како што се качување, кревање, балансирање, одење, наведнување и ракување со материјали“. Тоа се главно занимања на продавачи во малопродажба и на други места, како и медицински сестри, фармери и сточари.
Истражувачите дошле до овој заклучок откако ги анализирале податоците од 7.005 учесници од студијата „HUNT4 70+" – една од најголемите светски студии за деменција врз основа на популација од 33 до 65 години. Од вкупниот број испитаници, на 902 лица им била дијагностицирана деменција подоцна во животот, додека дури 2.407 страдале од поблаги когнитивни нарушувања (што не мора да води до деменција).
Истражувачите откриле дека луѓето на физички напорни работни позиции имаат околу 15,5% поголема веројатност да развијат деменција во споредба со само 9% од оние кои се занимаваат со помалку физички напорни работи.
Истражувачите заклучиле дека постојат неколку причини за ова откритие.
Во случајот со, да речеме, медицинските сестри, се наведува дека нивната работа често се „карактеризира со недостаток на автономија, продолжено стоење, напорна работа, круто работно време, стрес, поголем ризик од исцрпеност, а понекогаш и незгодни работни денови“, било наведено во студијата.
Ваквите работни услови може да го загрозат здравјето на мозокот во староста, бидејќи зголемената физичка активност е „поврзана со помал волумен на хипокампусот и послаби перформанси на меморијата.“
Истражувачите, исто така, навеле дека, од другата страна на работниот спектар, работните места со помал физички напор ја намалуваат веројатноста а когнитивно оштетување, бидејќи им се овозможуваат повеќе паузи, а со самото тоа подолго време на закрепнување. Интересно е што истата теорија не важи за повисоките нивоа на активност во слободното време, кои се, обратно, поврзани со „помал ризик од когнитивно оштетување“. Со други зборови, студиите не ја отфрлиле целосно фразата „во здраво тело, здрав ум“.
Уште теорија за врската помеѓу „губењето на умот“ и „физикалците“, според студијата, е дека инженерството, административната работа, наставата и другите „когнитивно стимулирачки“ професии веројатно им помагаат на луѓето да одржат високо ниво на конгиција подоцна во животот.
Студијата од 2016 година, покажала дека следните работни позиции помагаат во одржување на здрава функција на мозокот: менаџер, наставник, адвокат, инженер, физичар, лекар, стоматолог и фармацевт.