Додека некои кучиња не поднесуваат ни возење со автомобил, други се вистински авантуристи и одвај чекаат нови излети.
Меѓу авантуристите е шестгодишниот самојед Феликс, кој со своите сопственици Јулија и Свен пропатувал во дури 36 земји.
Феликс со неговото семејство живее во северна Германија, а патуваат низ Европа со кампер наречен „Daisy“.
Моментално се наоѓаат во Италија, а авантурите на Феликс можете да ги следите на „Instagram“ профилот "@wanderlust_samoyed“.
„Го обожувам“, „Преслатко“, „Ова куче патува повеќе од некои луѓе“, „Прекрасен е“, „Му завидувам“, се само некои од коментарите од коментарите на објавите на „Felix“.