Поминаа речиси 2.000 години откако Римското царство го достигна историскиот врв на својата моќ. Но, многу мажи сè уште размислуваат за него, и тоа многу.
Новиот тренд на социјалните мрежи ги поттикнува жените да ги прашаат мажите во своите животи колку често размислуваат за стариот Рим. Тие истражувања откриле дека оваа тема на многу мажи им поминува низ глава речиси секоја недела. На некои, дури и секојдневно. Или уште повеќе. Сето ова предизвикува изненадување и збунетост кај најблиските.
Овие видеа се само случаен избор, но со денови веќе е можно да се најдат стотици „ТикТок“ видеа каде мажите ја откриваат својата „мрачна“ тајна дека размислуваат за Римското царство неколку пати месечно. Дали поради битките, уредувањето или воспоставување на првиот водовод, небитно.
И да, Римското царство можело навистина да се пофали со доминација која се протегала низ целиот Медитеран и пошироко. Цветале и уметничките и инженерските дела кои и денес продолжуваат да восхитуваат. Политичкиот систем сè уште ја сочинува основата на многу современи држави.
Но, зошто се чини дека постои родова поделба во оние кои денес сонуваат за стариот Рим? Според историчарите, едно од објаснувањата би можело да биде дека западните општества историски ги пренагласиле аспектите на римската историја кои се поврзани со мажественоста во популарната култура и имагинација. „Првото нешто на кое ми доаѓа на ум е „сликата на римската легија, царскиот орел и тој вид воен аспект – заедно со гладијаторите, кои имаат долга асоцијација со мажественоста и моќта.“
Сепак, објаснувањата не застануваат тука. „На многу работи во нашите животи денес, влијание имало Римското царство“, објасниле експертите.
„Јазикот, храната, филозофијата, архитектурата, војната, забавата, спортот, митологијата, културата. Повеќето мажи не се фокусираат активно на Римското царство, но мислата секогаш се појавува во главата додека се занимаваат со некои секојдневни работи.
Како и да е, ова е уште еден луд тренд од кој сите го прифаќаат и наизменично прават мемиња и интерни фори.
Најдалеку отиде „HBO“, компанијата која ја продуцираше серијата „Rome“, па доколку сакате да ја гледате оваа серија, овој стриминг сервис ќе ве праша колку често помислувате на Римското царство.