Канаваро го исполни ветувањето за историското Скудето на Наполи и покажа дека е во фантастична форма

Дерби

13/06/2023

11:20

1.513

Големина на фонт

а а а

Фабио Канаваро својата слава ја стекна во Парма и потоа направи трансфери во клубови како Интер, Јувентус и Реал Мадрид, но факт е дека негова прва љубов е матичниот Наполи.

Поранешниот освојувач на „Златната топка“ во своето срце го има Наполи, а бидејќи од самиот старт на сезоната навиваше и веруваше во тимот на Лучијано Спалети, даде и едно ветување некаде на средина на сезоната.

Откако Наполи направи голема разлика во однос на ривалите во Серија А, Канаваро вети дека ќе вози со велосипед од Рим до својот дом во Неапол, а откако тоа го направи, го сподели искуството на социјалните мрежи.

– Враќање од Рим до Неапол….. Облогот за Скудетото е исполнет. 254 километри, 6 часа, 55 минути и 37 секунди, – порача Канаваро.

Фабио веќе неколку години е фудбалски неактивен и се префрли во тренерските води, но судејќи по предзвикот кој го комплетираше, тој се уште е во одлична физичка форма.