Поради трагедијата во Кочани, медиумските активности на репрезентацијата ќе бидат сведени на минимум

Дерби

17/03/2025

13:29

269

Големина на фонт

а а а

Македонија е завиена по црно по трагичниот настан што се случи во Кочани, настан по кој е прогласена седумдневна жалост во нашата земја.

Многу активности и настани ќе бидат намалени, одложени, а од Фудбалската федерација на Македонија информираа дека медиумските активности со фудбалерите од репрезентацијата на Македонија ќе бидат сведени на минимум, а одложение се и пријателските средби кои селецијата до 16 години требаше да ги одигра со Естонија во Скопје.

- Поради големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе, Фудбалската федерација на Македонија, во знак на почит и солидарност, праќа информација дека медиумските активности со фудбалерите од репрезентацијата на Македонија ќе бидат сведени на минимум, односно само на неопходните обврски. Исто така, одложени се пријателските натпревари на Македонија до 16 години кои требаше да се одиграат со Естонија во Скопје. Ви благодариме за вашето разбирање во овие тешки моменти, - порачаа од ФФМ.