Ливерпул нема по добро да ја памети претходнава недела во која прво беше елиминиран од Пари Сен Жермен од Лигата на шампионите, а потоа и загуби од Њукасл во финалето на англискиот Лига Куп.
„Црвените“ беа непрепознатливи на „Вембли“ и сосема заслужено трофејот замина во Њукасл кој на овој начин стави крај на „клетвата“, поточно го прослави првиот трофеј по пауза од 70 години.
Џејми Карагер како легенда на Ливерпул е разочаран што пехарот не заврши на „Енфилд Роуд“, но во исто време идентификуваше проблем кој според него може да биде решен со ангажман на двајца офанзивци во летниот преоден рок.
- Ова веројатно беше еден од најлошите настапи што сум ги видел од Ливерпул во финале. Но тие дадоа многу оваа сезона и загубија еден првенствен натпревар. Тешко е да се биде премногу критичен, но ова фрли светло на тоа каде Ливерпул треба да се подобри.
- Недостатокот на темпо во нападот е очигледен. Жал ми е за Салах, тој беше тивок со ПСЖ и денеска не беше одличен, но не добива помош од другите напаѓачи. Останатите напаѓачи се добри играчи, но не се одлични. Тие треба да одат и да купат двајца напаѓачи ова лето за да играат покрај Салах. Последната недела покажа што им треба во лето. Возбудливо е затоа што Ливерпул ќе ја освои лигата и тие сè уште треба да се подобрат во некои области, - истакна Карагер.
Останува да се види дали Салах воопшто ќе остане во Ливерпул затоа што договорот му завршува на крајот на месец јуни.