Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл

Дерби

17/03/2025

14:23

671

Големина на фонт

а а а

Ливерпул иако важеше за фаворит не успеа да пронајде решение за Њукасл и загуби со 2-1 во големото финале на англискиот Лига Куп што се одигра на „Вембли“.

„Црвените“ беа далеку од посакуваното ниво, не беа доволно конкретни, немаа доволно свежина и останаа со празни раце во ситуација кога можеа да дојдат до првиот сезонски пораз.

Еден од играчите кој не се прослави беше најдобрите стрелец на Ливерпул, Мохамед Салах. Салах беше нетрализиран од Њукасл, односно избраниците на Еду Хау придонесоа африканецот да забележи негативен рекорд во дресот на премиерлигашот, односно нешто што никогаш не му се случило.

Имено Мо немал ниту еден удар, не создал ниту една шанса што му се случува првпат како член на Ливерпул, а притоа да биде активен 90+ на теренот.