Барселона успеа да слави на жешкиот терен во Мадрид кај Атлетико и тоа по негатива од 2-0 на 20 минути до крајот, односно со супер пресврт дојде до триумф од 4-2 со кој се врати на првата позиција на табелата.
Меѓутоа овој триумф донесе и лоши вести за каталонците, повреди на двајца играчи од кои едната е посериозна и најверојатно е завршена оваа сезона за него.
Се работи за Марк Касадо кој добил сериозен удар и во прашање се лигаментите на коленото и според првичните информации може да биде во аут два месеци.
Другиот повреден е дефанзивецот Ињиго Мартинез кој ќе мора да одмара две до три седмици според вестите на шпанските медиуми.
Касадо и Мартинез беа повикани во шпанската репрезентација, но по нивните повреди селекторот Де Ла Фуенте реагираше, па во националниот тим ќе биде Хујсен од Борнмут и Гарсија од Леверкузен.