Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично

Дерби

17/03/2025

13:46

385

Големина на фонт

а а а

Вејн Руни е еден од најголемите англиски фудбалери на сите времиња, човек кој одигра 120 натпревари за националниот тим со што е на второто место на вечната листа, а во еден момент и беше најдобар стрелец, рекордер пред Хари Кејн да го надмине неговиот учинок во 2023 година.

Меѓутоа приказната можела да биде сосема поинква затоа што Руни може да игра за друга репрезентација, држава, а многу малку фалело за да се реализирало тоа сценарио.

Имено Руни поради корените можел да ја претставува Република Ирска, ама ја одбил таа идеја кога му кажале дека треба да игра за националниот тим до 21 година.

Запрашан за тоа која држава би ја претставувал покрај Англија, легендата на Манчестер Јунајтед јасно одговори:

- Ирска. Тоа ќе беше одлично. Мик [Мек Карти] ми се јави кога имав 16 години. Разговарав со Ли Карсли и тој разговараше со Мик. Бев блиску да го направам тоа, а потоа ми рекоа дека сакаат да ме повикаат во Ирска до 21 година. Јас бев на тоа дека не играм за Ирска до 21 година, ако ме сакате, тогаш изберете ме во соодветниот тим. Тоа никогаш не се случи и почнав да играм за Англија, - обелодени Руни.