Манчестер јунајтед и понуди на Барселона 70 милиони евра за 28-годишниот Бразилец Рафиња, објавија во понеделникот британските медиуми. На „Олд Трафорд“ веруваат дека со својата брзина, дриблинг и шутирање од различни позиции, Рафиња претставува идеално решение за проблемите во нападот на тимот.
Бразилецот оваа сезона за Барселона постигна 27 гола и имаше 21 асистенција во сите натпреварувања. Неговите одлични настапи го привлекоа вниманието на бројни европски гиганти, но само Јунајтед испратиле конкретна финансиска понуда.
Договорот на Рафиња со Барса истекува во јуни 2027 година, но се претпоставува дека Каталонците би можеле да ја прифатат понудата поради тешката финансиска ситуација.
Бразилскиот репрезентативец пристигна во Барселона во јули 2022 година од Лидс за 58 милиони евра и постигна 47 гола и даде 46 асистенции на 124 натпревари за клубот.