Цитати кои само интровертите ќе ги разберат: Причината зошто Кијану Ривс и Том Харди најмногу уживаат во сопственото друштво!

Точка

08/06/2023

17:26

5.119

Големина на фонт

а а а

Постојат многу заблуди за интровертите, како на пример дека се срамежливи, недружељубиви, честопати негативни и не можат да бидат добри лидери. Многу интроверти се совршено способни да развијат комуникациски вештини до степен каде што можат беспрекорно да функционираат во екстровертниот свет, без да ја изгубат својата мирна, аналитичка и креативна природа.

Постојат многу заблуди за интровертите, како на пример дека се срамежливи, недружељубиви, честопати негативни и не можат да бидат добри лидери. Многу интроверти се совршено способни да развијат комуникациски вештини до степен каде што можат беспрекорно да функционираат во екстровертниот свет, без да ја изгубат својата мирна, аналитичка и креативна природа.

„Некои луѓе мислат дека сум несреќен, но тоа не е вистина. Едноставно повеќе ја сакам тишината во овој свет кој постојано зборува.“


Ова е мисла на актерот Кијану Ривс, еден од најпопуларните интроверти. Живееме во свет во кој секој има мислење за сè. Повеќето луѓе веруваат дека луѓето кои гласно зборуваат или постојано се смешкаат се среќни, додека оние кои се мирни и пријатно им е во сопственото друштво, обично се тажни и несреќни. Секако, ова е една огромна заблуда.

 „Тивките луѓе имаат најгласни умови“

Ова е реплика на Стивен Хокинг, еден од најбрилијантните теоретски физичари во историјата. Тој бил интроверт, но го имал и едниот од најгласните и најпознатите умови на сите времиња. Интровертноста всушност е талент, подарок, бидејќи повеќето интроверти се во состојба да нурнат длабоко во сопствените мисли.


 „Некои луѓе не разбираат дека е бесценето да седите дома, во вашата куќа, сами и во мир, да јадете грицки и да „си ја гледате својата работа““

Горенаведената реченица ја изјавил Том Харди, светски познатиот британски актер, но нели навистина нема ништо лошо во тоа?

„Тивките луѓе всушност можат да бидат многу зборливи кога се покрај вистинските луѓе.“

Повеќето луѓе мислат дека интровертите се постојано тивки, но грешат. Тие можат да станат екстремно зборливи доколку се во друштво на вистинските луѓе – луѓе кои им се блиски и со кои споделуваат интереси.


 „Мразам кога луѓето ме прашуваат: „Зошто си толку тивок? Затоа што сум. Така функционирам. Не те прашувам: „Зошто си толку гласен? Зошто зборуваш толку многу? Тоа би било грубо.“

Интровертите се тивки затоа што едноставно се такви, но комуникацијата со нив секако не е невозможна.


 „Да се биде сам е тајната на иновативноста. Идеите се раѓаат кога сме сами.“

Така зборувал Никола Тесла, еден од најголемите инженери и изумители на сите времиња. Само навистина извонреден и длабок ум е способен за такви големи идеи и потфати како оние кои ги нанижал во текот на неговиот живот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг