Пред неколку денови на интернет речиси цел ден се споделуваа фотографии на кои Џенифер Анистон ги покажа своите седи влакна и така воодушеви илјадници луѓе.
Анистон на Инстаграм сподели видео во кое ја промовира својата нова линија за нега на коса и токму во тоа видео ги покажува своите седи влакна.
Џенифер, во деведесеттите, меѓу другите, била славна и поради својата руса коса која сакале да ја копираат многу од девојките во светот.
На Џенифер ова не ѝ е првпат да го покажува својот природен изглед јавно.
Нешто слично таа направила и минатата година кога ги почестила фановите со фотографија без шминка и фризура која ја објавила на социјалната мрежа Инстаграм.
И Селма Хаек вчера го воодушеви светот со својот природен изглед.
Тие две сепак не се единствените. Уште некои од најубавите жени на светот позирале без шминка и фризура, па со своите природни фотографии ги воодушевиле луѓето во светот.