Таа е висока повеќе од 2 метри, а нејзиниот сопруг одвај 170 центиметри: Тој е мојата сродна душа, не ме интересира што зборуваат луѓето

Точка

05/06/2023

21:11

6.320

Големина на фонт

а а а

Од својата 10-та година Елисана Силва почнала да забележува дека е многу повисока од своите соученици во одделението, па дури и од членовите на своето семејство. Во таа фаза била висока дури 175 центиметри, но продолжила да расте, а сега, на 26 години, е повисока од два метри. Како што пренесува „Metro“, нејзината мајка Ана Марија Рамос има само 162 центиметри, додека нејзиниот татко Луис Хорхе има 170 центиметри, па мислат дека не станува збор за генетика.

„Веќе на 10 години забележував дека нешто не е во ред бидејќи единствена во своето семејство и одделението имав неверојатни 175 центиметри. Тоа беше шок за целото наше семејство бидејќи бев највисок член на семејството на толку млади години“, вели Елисана. „Почнав да чувствувам интензивни болки во коските и голем притисок во главата поради брзиот раст, па одлучивме да посетиме доктор. Предложија да се извршат неколку рутински тестови за да дознаам зошто сум толку висока, но бидејќи моето семејство не можеше да ги плати медицинските трошоци, тоа не беше можно“, продолжила таа.

Меѓутоа, една бразилска телевизија ја слушнала нејзината приказна и одлучила да ги покрие сите трошоци за нејзините тестови. Кога ги добила резултатите, докторите утврдиле дека на хипофизата и расте бениген тумор кој предизвикувал прекумерно производство на хормон за раст и тоа било причината за нејзината состојба.

Растењето не било лесно за Елисана и често ја малтретирале, а луѓето ја нарекувале со погрдни зборови како жирафа, ламба и џин. Коментарите значајно влијаеле на нејзиното ментално здравје и на крајот го напуштила училиштето. „Се сеќавам дека се заклучував дома бидејќи ми беше толку мачно од болните коментари и зборови кои луѓето ми ги кажуваат“, рекла Елисана. „Одлучив да се откажам и тоа беше најтешката одлука која некогаш морав да ја донесам бидејќи сакав да продолжам со студирање, но знаев дека во тоа окружување повеќе нема да издржам“.

Тогаш во 2011-та година го запознала Франчиналдо и брзо се заљубиле и покрај разликата во висината. Една година подоцна Франчиналдо ја запросил, а парот се венчал во 2015-та година. „Почувствував моментална поврзаност во тој момент кога се запознавме, не ја ни забележав неговата висина. Франчиналдо е висок само 162 центиметри, што е речиси 40 центиметри помалку од мене, но не ме интересира. Иако беше љубопитен во врска со мојата висина и состојба, не даваше злобни коментари и не ме осудуваше поради мојот изглед“, рекла таа.

„Тој беше првата личност која кон мене се однесуваше како кон човек, а не како кон некоја наказа. Иако постои очигледна разлика во висината, ние тоа не го доживуваме како проблем бидејќи се сакаме баш такви какви што сме и не би сакале ништо да се промени“, рекла таа.

Иако минала многу години чувствувајќи се несигурно поради својата висина, вели дека семејството и помогнало да научи да се сака самата. „Научив да се сакам самата поради својата единствена висина, нема друг како мене и мислам дека тоа е прилично посебно“, заклучила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг